Трамп: Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс го валкаат еден од најуспешните напади во историјата
Американскиот претседател, Доналд Трамп, преку неговата социјална мрежа Truth Social ги обвини медиумите дека се обидуваат да го потценат успехот на американскиот воен напад врз Иран.
„Лажните вести Си-Ен-Ен, заедно го губитникот наречен „Њујорк Тајмс“, се здружија во обидот да го извалкаат еден од најуспешните воени напади во историјата. Нуклеарните објекти на Иран се целосно уништени! И Си-Ен-Ен и „Њујорк Тајмс“ се на удар на јавниста!“ напиша Трамп.
Неколку американски медиуми синоќа објавија дека првичната проценка на американската разузнавачка заедница покажува дека нападите на американската војска врз трите ирански нуклеарни објекти во Фордо, Натанц и Исхафан од минатиот викенд не ги уништиле клучните компоненти на нуклеарната програма на оваа земја и веројатно ја забавиле за само неколку месеци.
Во претседателскиот авион „Ер Форс уан“ на пат за Хаг, каде ќе учествува на самитот на НАТО, американскиот претседател повторно го коментираше протекувањето на разузнавачката проценка што го доведува во прашање успехот на американските напади врз нуклеарната програма на Иран. Пред новинарите тој уште еднаш потенцираше дека „сите три нуклеарни објекти во Иран биле совршено погодени и уништени“.
Тој додаде дека извештаите на американските медиуми за нападот „се полни со непочитување кон оние што го извршиле- пилотите“.
Ново на Сител
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Лион ќе се жали поради испаѓањето во Лига 2
-
Министерство за економија и труд: Да се применуваат мерките за заштита на работниците од горештините
-
Видеоиграта „Death Stranding 2“ достапна за обожавателите
-
Шварценегер откри кој филм му донел најмногу пари
-
Пристапот до Интернет во Иран се враќа во „претходна состојба“
-
Повредените од „Пулс“ со 62 бели балони за загинатите и порака „Никогаш нема да ве заборавиме“ | ВИДЕО
-
Тошковски: Работниот статус на полицајците во истрагата за „Пулс“ е ставен во мирување