Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати

Американскиот претседател Доналд Трамп порача денеска дека иранската страна премногу одолговлекувала во преговорите со Соединетите Американски Држави и дека, наместо да постигне договор кој би бил добар за неа, сега ќе „мора да плати“.
Преку објава на својата социјална мрежа „Трут Сошал“ (Truth Social), Трамп упати сериозни тврдења за состојбата на иранските сили, посочувајќи дека нивната војска е во состојба на потполн неред.
„Иранската војска е во потполн неред. Поголемиот дел од нивните сили, како што се морнарицата и воздухопловството, веќе и не постојат – тие се целосно поразени. Иран само зборува, а ништо не презема. Силеџијата на Блискиот Исток е мртов! Премногу одолговлекуваа и наместо да постигнат договор што е добар за нив, сега ќе мора да платат“, напиша Трамп.
Ваквиот остар тон доаѓа само еден ден по изјавата на американскиот претседател дека Иран и САД би требало да постигнат договор во наредните неколку дена, при што тогаш оцени дека преговорите се одвиваат „многу добро“.
Трамп вчера, исто така, изрази очекување дека Ормуската Теснина би можела повторно да биде отворена за пловидба во рок од наредните два до три дена. Тој нагласи дека сегашната американска воена блокада на Ормуската Теснина врши огромен притисок врз властите во Техеран со цел тие конечно да го потпишат мировниот договор.
МИА
Ново на Сител
-

Поранешен командант на талибанците осуден во САД на 42 години затвор
-

Аргентина го победи Исланд, Меси постигна гол
-

Пилот на Ер Канада со години управувал авиони со фалсификувана лиценца
-

ЕУ: Мај 2026 година беше вториот најтопол месец мај во историјата на мерењата
-

СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Под седиштата и во фабричка шуплина на автобус шверцувале пури во вредност од 4.000 евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
