Трамп вели дека Пауел од ФЕД треба да поднесе оставка
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го повтори својот повик до претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, да поднесе оставка.
- Пауел треба да поднесе оставка, исто како што Адријана Куглер, кандидатката на Бајден, поднесе оставка, рече Трамп во објава на Truth Social.
Трамп постојано бара Пауел да поднесе оставка бидејќи не успеа да ги намали каматните стапки откако се врати на претседателската функција во јануари.
Пред два дена Трамп го обвини Пауел, дека е „премногу политички настроен“ за својата функција и оти изгубил милијарди американски долари. Тој наведе дека постапките на претседателот на ФЕД ги чинат САД „билиони долари“, вклучувајќи една „од најнеспособните или најкорумпираните реконструкции на згради во историјата на градежништвото“.
МИА
Ново на Сител
-
Тројца пратеници од српското Собрание поднесоа кривични пријави против Ана Брнабиќ
-
Нетанјаху: Израел целосно ќе го порази Хамас во Газа
-
Кремљ: Подобрувањето на руско-американските односи ќе потрае
-
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште