Трамп вели дека сака да го „реши прашањето“ со Куба пред да му заврши мандатот

Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека сака да „го реши проблемот со Куба“ пред да ја напушти функцијата, јави ДПА.
„Сакам да го завршам проблемот со Куба пред да заминам“, му рече Трамп на радио водителот Хју Хјуит, кој го праша дали размислува за „ослободување на Куба“ со воена интервенција.
„Многу внимателно ја следиме ситуацијата. Земјата е во многу тешка ситуација. Тоа е во основа пропадната држава, пропадната територија или како и да сакате да ја наречете“, рече Трамп.
Претседателскиот мандат на Трамп треба да заврши во јануари 2029 година.
Во изминатите месеци, владата на САД воведе серија санкции врз Куба, што значително ја продлабочија долгогодишната економска и енергетска криза во земјата, како и хуманитарната вонредна состојба во карипската земја со 9,4 милиони жители.
Вашингтон јасно стави до знаење дека очекува економски и политички промени во Куба, како и дистанцирање на кубанската влада од големите светски сили како што се Кина и Русија – во име на националната безбедност на САД.
МИА
Ново на Сител
-

Некогаш една од најопасните земји во светот, денес Ел Салвадор побезбедна дестинација за патување од Шведска
-

Туск: Нема да прифатиме договор за безбедност што САД и Русија ќе го преговараат без ЕУ
-

Во меѓународна акција на Европол уапсени 354 лица поврзани со продажба на нелегална стока на „дарк веб“
-

Македонските фудбалери гостуваат на Шкотска во дуел од Лигата на нациите
-

За само пет часа казнети 147 пешаци кои преминувале улица надвор од пешачки премин
-

Победи за Англија, Шпанија и Италија во Лигата на нациите
-

Глобален прекин на услугите на „Мајкрософт“, проблеми за корисниците на „Аутлук“ и „Тимс“
-

САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта
