Трамп: Веруваме дека постигнавме промена на режимот во Иран, сите се мртви

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД веруваат дека постигнале промена на режимот во Иран. Трамп на новинарите во претседателскиот авион им рече дека режимот во Иран е „десеткуван“ и „уништен“, пренесува Би-би-си.
– Веќе имавме промена на режимот, ако погледнете, бидејќи еден режим е десеткуван, уништен, сите се мртви – изјави Трамп.
Тој додаде дека следните по ранг припадници на иранскиот режим се „главно мртви“, а дека САД „со третиот режим си имаат работа со поинакви луѓе од сите со кои кој било претходно се соочил“.
– Тоа е сосема поинаква група луѓе, така што тоа би го сметал за промена на режимот, и искрено, беа многу разумни. Значи, мислам дека имавме промена на режимот, мислам дека не може многу подобро од тоа – истакна Трамп.
Американскиот претседател рече дека „главно мртви“ се припадниците на иранскиот режим „кој беше навистина лош, навистина зол“.
Вториот беше именуван, и сите си заминаа, сите се мртви, освен еден кој можеби има малку живот во себе – рече Трамп.
Тој изјави дека верува оти Иран веројатно ќе постигне договор со САД.
Мислам дека ќе склучиме договор со нив, прилично сум сигурен, но можно е и да не склучиме. Со Иран никогаш не знаете, бидејќи преговараме со нив, а потоа мораме да ги гаѓаме – заклучи Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Цената на бенизите расте, нов удар врз стандардот на граѓаните
-

Мицкоски: Македонија има најниски цени на горивата, состојбата се следи и ќе се носат мерки
-

Ставен во функција електронски регистар „Е-наука“
-

Со нов закон ќе се уредуваат плажите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-

Густ чад го покри Скопје
-

Артан Груби седна на обвинителната клупа, судењето одложено за 7 септември
