Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска за американската телевизија CBS News изјави дека смета оти војната со Иран е во голема мера завршена.
- Мислам дека војната е многу завршена, речиси целосно – рече Трамп во телефонско интервју, пренесе ДПА.
- Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат воздухопловни сили. Нивните ракети се сведени на поединечни истрели. Нивните дронови се разнесуваат насекаде, вклучително и нивните капацитети за производство на дронови. Ако погледнете, ним не им остана ништо. Нема ништо преостанато во воена смисла – рече тој.
Трамп додаде дека САД се „многу понапред“ од неговата првична проценка за временска рамка од четири до пет недели.
Израелските и американските сили го нападнаа Иран на крајот на февруари, таргетирајќи го политичкото и военото раководство на земјата, заедно со неговата противвоздушна одбрана, морнарицата, воздухопловните сили и другите воени капацитети.
Откако почнаа нападите, Трамп изјави дека очекува кампањата да трае четири до пет недели. На крајот на минатата недела, портпаролката на владата, Керолин Ливит, спомена период од четири до шест недели.
МИА
Ново на Сител
-

Ненад Савески предложен за нов државен јавен обвинител
-

26-годишник со двајца другари ги нападнал својата поранешна партнерка и нејзиното момче, користеле и електрошокови
-

Лариџани му се закани на Трамп со елиминација
-

Албанец во Градска болница тврдел дека имал сообраќајка, лекарите откриле прострелна рана
-

18-годишник пукал со плашливец кон сограѓанин по расправија во локал во Гостивар
-

Две лица, 18 и 16-годишник провалиле и ограбиле објект во Крива Паланка
-

МНРиНТ: Со лет од Дубаи денеска евакуирани 150 патници, од кои 125 македонски државјани, утре лет од Ријад
-

Воз се запалил кој сообраќал кон Куманово, откажани сите линии Скопје – Битола
