Трамп воведува царини за дронови и ја враќа старата технологија на американските бродови

Претседателот на САД Доналд Трамп, потпиша два документа со кои се воведуваат нови тарифи за беспилотни летала и нивните компоненти и ѝ се наредува на американската морнарица да ги замени напредните електромагнетни системи за лансирање авиони и подигнување оружје на носачи на авиони со традиционални парни и хидраулични системи.
Според Белата куќа, Трамп му наредил на министерот за одбрана, Пит Хегсет, да ги замени напредните електромагнетни системи со традиционални парни катапулти и хидраулични системи, бидејќи верува дека постојните решенија се премногу скапи и премногу сложени, објави Еј-Би-Си.
Втората директива му наложи на Хегсет да основа петто поморско бродоградилиште и да им дозволи на странските бродоградители да градат американски воени бродови, под одредени услови.
Тарифите треба да стапат на сила 21 ден по потпишувањето на документите, додека царините за одредени, помалку чувствителни компоненти на дронови ќе стапат на сила 180 дена подоцна.
Според Белата куќа, царината ќе биде 100 проценти за особено чувствителни дронови, 25 проценти за помали дронови за кои е оценето дека претставуваат помалку итен безбедносен ризик, додека тарифа од 15 проценти ќе се воведе за одредени дронови и компоненти од Европската Унија, Јапонија, Лихтенштајн, Јужна Кореја, Швајцарија и кинескиот регион Тајван.
МИА
Ново на Сител
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
-

Скот Бесант: САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран
-

Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од Србија
-

Голем пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност
-

Облачно со сончеви периоди, на места услови за краткотрајно невреме
-

Турција, Пакистан и Саудиска Арабија формираат воено-политички механизми во рамките на новиот одбранбен пакт
