Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Русија има „предност“ во какви било мировни преговори за Украина, бидејќи „зазеде голема територија“.
Во интервју за Би-Би-Си, Трамп рече дека верува дека Москва сака крај на војната, која ја започна со инвазијата пред речиси три години.
– Мислам дека Русите сакаат крај на војната, навистина. Тие имаат одредена предност, бидејќи зазедоа голема територија. Кај нив се картите, рече Трамп во разговор од претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, додека се враќаше во Вашингтон од инвестициски самит во Флорида.
Трамп го нападна украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „диктатор“, откако Зеленски го обвини дека „живее во простор на дезинформации“ контролирани од Москва.
– Одбива да одржи избори. Популарноста му е ниска, како можете да бидете високо на рејтинг ако секој град ви е разрушен? тврди Трамп.
Зеленски го продолжи својот мандат поради воената состојба во Украина, прогласена по руската инвазија во февруари 2022 година, што автоматски го суспендираше одржувањето избори.
Изјавите на Трамп предизвикаа критики од европските лидери, меѓу кои германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ги нарече „опасни“ и „погрешни“.
Во вторникот, американски и руски претставници одржаа први директни разговори од почетокот на инвазијата, но Украина не беше поканета. Трамп во врска со тоа ја обвини Украина за војната, велејќи: „Никогаш не требаше да ја започнете. Можевте да направите договор.“
Зеленски веднаш реагираше, обвинувајќи ја Русија дека „лажела“ за разговорите. „Со сета почит кон Доналд Трамп како лидер… тој живее во дезинформациски меур, рече Зеленски.
Ново на Сител
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна
-
Повторно поскапува дизелот