Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против 34-годишниот А.С. од селото Дебреште, општина Прилеп, поради сомнение дека сторил две кривични дела – „затајување“ и „лажно пријавување на кривично дело“.
Од МВР информираат дека на 20 мај 2025 година, пријавениот во полициска станица пријавил дека непознато лице влегло во спортска обложувалница во селото Ропотово, општина Долнени, оштетило апарати за игри на среќа и одзело пари.
– Но, по преземени мерки и активности, утврдено е дека лицето А.С. лажно го пријавило настанот, а всушност токму тој со подесен алат ги оштетил апаратите и ги одзел парите – велат од СВР Битола.
Полициската истрага покажала дека пријавениот се обидел да го прикрие сопственото дело со лажно пријавување за грабеж, што дополнително го квалификува за друго кривично дело.
Кривичната пријава е поднесена до надлежното обвинителство, а постапката продолжува.
Ново на Сител
-
На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц