Македонија
20. јуни 2025 - 19:07

На граничните премини Богородица и Табановце од македонска страна се чека до половина час

На граничните премини Богородица и Табановце задржувањето на возилата од македонска страна е од 15 - 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.