Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина
Американскиот претседател, Доналд Трамп, потврди дека пред средбата со рускиот претседател Владимир Путин, ќе разговара и со европските лидери и со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој ги нарече европските лидери „одлични луѓе и одлични лидери“, но потврди дека се „уморни“ од војната и сакаат да се вратат на трошење пари за своите земји. Додаде дека има „исклучително добри“ односи со европските лидери и се пошегува дека „ги има многу, но се потпираат на мене“.
„Ќе разговарам со европските лидери, ќе разговарам со претседателот Зеленски. Сакам да ги слушнам идеите на сите. Одам на состанокот целосно подготвен и ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека се можни две работи – може да биде добар состанок и ќе направиме чекор понатаму и ќе дојдеме до договор. Би сакал да видам многу, многу брз прекин на огнот, веднаш. Се надевам дека ќе постигнеме голем успех“, рече Трамп.
Објаснувајќи го својот план за завршување на војната, тој рече: „На крајот, ќе ги ставам двајцата во иста просторија, без разлика дали сум таму или не, и мислам дека ќе се реши.“
Кога го прашаа дали може да замисли враќање на нормалната трговија со Русија, тој одговори: „Можам. Русија има многу вредно земјиште и ако Владимир Путин се насочи кон бизнис наместо кон војна, тоа би било можно.“
На прашањето дали Зеленски ќе биде на состанокот во петок, Трамп рече: „Би рекол дека можеби ќе дојде, но тој бил на многу состаноци.“
Трамп додаде дека „ на состанокот со Путин, веројатно во првите две минути, ќе знам точно дали може да се постигне договор или не.“ Кога го прашаа зошто е толку самоуверен, тој одговори: „Затоа што тоа го правам. Склучувам договори.“
Инаку, американскиот претседател на прес конференцијата на двапати погрешно рече дека оди на средба со Путин во Русија, иако средбата е закажана за 15 август, петок, на Алјаска.
МИА
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
-
Кривична против 34-годишен маж од Тетово, истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани
-
14-годишно дете физички нападнато од група малолетници на трим патеката во Кисела Вода
-
Татко пријавил дека кавадарчанец вознемирувал и се заканувал на неговата малолетна ќерка
-
Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица 20 минути, а на ГП Дојран 15 минути
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа