Трамп: За две недели ќе знаеме дали е можен напредок во преговорите за Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека во рок од две недели ќе знае дали е можен напредок во неговите напори за ставање крај на војната во Украина и повторно ја покрена можноста за воведување санкции врз Москва.
„Ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека за две недели ќе знаеме во која насока одиме“, рече Трамп за време на прес-конференцијата во Овалната соба и додаде дека по тие две недели ќе донесе одлука дали да воведе „масовни санкции“ или не.
Трамп додаде дека не е задоволен од ниту еден аспект од мировните напори и дека има многу омраза меѓу завојуваните страни.
Тој изјави дека не би сакал да биде присутен на евентуална средба меѓу претседателите на Украина и Русија, Володимир Зеленски, и Владимир Путин.
„Ќе видиме дали Путин и Зеленски ќе соработуваат. Знаете, тие се како масло и оцет. Тие навистина не се сложуваат од очигледни причини, но ќе видиме. Ќе видиме дали ќе морам да бидам таму, што не би ми се допаднало“, рече Трамп, додавајќи дека посакува Зеленски и Путин да одржат состанок сами, објави „Тајмс“.
Претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија прави се што е во нејзина моќ за да спречи средба меѓу него и рускиот претседател Владимир Путин.
МИА
Ново на Сител
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници