Loading Video...
Свет
22. August 2025 - 16:42

Преглед на вестите од светот

ОН официјлано прогласија  глад во  градот Газа и околните области . Ова уследи по извештајот на  глобалниот монитор за  следење кризи со глад, во кој е наведено дека  повеке од 500 000 луѓе се соочуваат со глад. а постои и ризик од проширување на гладот во други делови на Појасот Газа доколку не се преземат итни мерки. Како главни причини за гладот се наведуваат воените дејствија, ограничувањата за достава на хуманитарна помош и уништувањето на инфраструктурата. Обединетите нации и повеќе хуманитарни агенции, вклучувајќи ги УНИЦЕФ, Светската програма за храна и Светската здравствена организација, повикаа на итен прекин на огнот и непречен хуманитарен пристап. .

- Таа ( изарелската влада)  незаконски го ограничи влезот и дистрибуцијата на хуманитарна помош и други добра неопходни за опстанок на цивилното население во Појасот Газа.„Воено злосторство е да се користи глад како метод на војување, а смртните случаи што произлегуваат од тоа може да се сметаат и за воено злосторство на намерно убивање, изјави Џереми Лоренс, портпарол на канцеларијата на ОН  за човекови права

- Не треба да заборавиме дека ова е криза предизвикана од човекот, па затоа мора и може да се промени. Времето за акција е сега без одложување и изговори. За да се овозможат хуманитарни операции, ни треба итен и одржлив прекин на огнот, ослободување на сите заложници и непречен пристап за масовен прилив на помош за да се стигне до луѓето низ Газа., изјави Рик Пиперкорн од СЗО

Како одговор, Изарел го пвотри своето тврдење дека нема глад во градот Газа, порачувајки дека извештајот се поптира на длумни , пристрасни подаотци што потекнуваат оо Хамас. Извештајот доага во   време кога израелските сили напредуваат кон градот Газа .

Американскиот претседател Трамп   постави нов рок од две недели за мировен договор за Украина. Би рекол дека во рок од две недели ќе знаеме, на еден или друг начин . Аако не е можно да се реши војната на Русија против Украина, тогаш можеби ќе биде потребно да се „заземе поинаков пристап, напиша Трамп на социјалните мрежи , додвајки дека се се стане јасно наскоро. . Зеленски, пак, обвинува дека Путин е тој што избегнува преговори и не сака мир.  Кремљ тврди дека Путин е подготвен за средба, но о откако сите прашања што бараат разгледување на највисоко ниво, ќе бидат добро разработени и експертите и министрите ќе подготват соодветни препораки.