Трамп за Маск: Можеби ќе го депортирам, можеби ќе му го пуштам „DOGE“
Американскиот Сенат денеска е изгласан големиот буџетски закон, протежиран од претседателот Доналд Трамп што повторно ја разгоре кавгата со неговиот доскарешен соработник, милијардерот Илон Маск.
На прашање од Дејли Меил за тоа дали ќе го депортира Маск, Трамп одговори: Не знам. Ќе видиме. Можеби ќе треба да му го пуштиме DOGE. Знаете што е DOGE? Тоа е чудовиште што можеби ќе треба да се врати и да го изеде Илон“.
Трамп го искористи моментот за да ги нападне големите државни субвенции добиени од компаниите на Маск – Tesla и SpaceX – тврдејќи дека тие му овозможиле на Маск енормен успех.
„Без субвенции, Илон ќе мораше да затвори, да се врати во Јужна Африка, без ракети, сателити и електрични коли“, напиша Трамп на неговата платформа Трут Соушл. Тој додаде дека Одделот за ефикасност во Владата (DOGE) треба внимателно да ја истражи оваа финансиска поддршка и да ја намали државната потрошувачка.
Напнатоста меѓу Трамп и Маск ескалираше по обновените критики на Маск за новиот сеопфатен закон за даноци и потрошувачка, кој го нарече „луд и деструктивен“. Маск, кој во кампањата за Трамп и други републикански кандидати донираше речиси 300 милиони долари, тврди дека новиот закон значително ќе го зголеми националниот долг и ќе ги избрише заштедите што тој вели дека ги остварил преку Одделот за владина ефикасност.
Ново на Сител
-
Гори борова шума во кривопаланечкото село Нерав
-
Камбоџа и Тајланд се обвинуваат меѓусебно за артилериски напади
-
Муцунски учествуваше на првиот состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
-
Приведени четири возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол
-
Тепачка во Струмица, еден од нив со секира замавнува кон другиот | ВИДЕО
-
Најмалку 11 лица се избодени со нож од напаѓач во супермаркет во државата Мичиген
-
Апел за рационално користење на водата за пиење во град Скопје
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол