Тренерот на ПСЖ најми телохранители поради смртни закани

Тренерот на францускиот фудбалски првак ПСЖ, Кристоф Галтие, ангажираше телохранители да се грижат за неговата безбедност, откако доби смртни закани мотивирани од, наводно, негови расистички коментари, јавија денеска светските медиуми.
Весникот Паризиен наведе дека поранешниот спортски директор на Ница, Жулиен Фурние, го обвинил Галтие дека во својот тим не сакал да има муслимани и црномурести фудбалери.
Изјавата на Фурние предизвика бурни реакции во Франција, а Галтие, кој беше тренер на Ница од 2021 до 2022 година, ги отфрли сите обвинувања.
Британскиот весник Дејли Мирор пренесува дека телефонскиот број на Галтие бил обелоденет на социјалните мрежи, а тренерот на ПСЖ повеќе од 5.000 поради во последните 24 часа, вклучувајќи и смртни закани.
Ново на Сител
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
