Третата рунда директни разговори меѓу Москва и Киев се очекува да биде договорена идната недела, истакна Песков

Се очекува третата рунда директни руско-украински разговори да биде договорена идната недела, истакна денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Што се однесува до разговорите, се очекува да се постигне договор идната недела, а се претпоставува дека ќе го дознаеме и датумот на следната рунда“, рече портпаролот на Кремљ.
Песков нагласи дека се важни резултатите од претходните рунди.
„Го кажавме ова многу пати. Благодарение на работата што ја заврши нашата делегација, (помошникот на рускиот претседател Владимир Путин) Медински лично, многу од нашите момчиња успеаја да се вратат дома, во земјата“, истакна Песков.
Тој, исто така, потсети на хуманитарното значење на размената на телата на паднатите војници.
По две рунди преговори во Истанбул, Русија и Украина се согласија да разменуваат затвореници според формулата „илјада за илјада“, како и да вратат тешко болни и млади (под 25 години) затвореници според форматот „сите за сите“ - најмалку 1.000 луѓе од секоја страна.
Ново на Сител
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
