-->
-->
Три или повеќе јајца неделно го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања
-->

Консумирањето на повеќе од три јајца неделно ја зголемуваат опасноста од срцеви заболувања и рана смрт кај луѓето, во однос на оние кои јадат помалку јајца, се наведува во ново истражување на Медицинската школа при Северозападен универзитет во Чикаго.
– Јајцата, особено жолчката, се главен извор на диететски холестерол… Јадењето дополнителни 300 милиграми холестерол на ден го зголемува ризикот од срцеви заболувања за 3,2 отсто и оној од рана смрт за 4,4 отсто. Едно јајце содржи 186 милиграми холестерол, наведува во извештајот одговорниот за испитувањата Виктор Жонг.
Истражувањето се заснова на податоци од 29.000 Американци со просечна возраст од 17,5 години. Од нив, 5.400 имале срцеви проблеми, а 1.302 биле случаи кои завршиле со смрт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
-

Осумчлено семејство остана без дом, откако пожар им ја пеплоса куќата
-

ЈКП-ЈА бараат итни измени во Законот за јавни претпријатија
-

Охрид исполнет за празниците
