Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
Македонската кик-бокс репрезентација со три победи и три порази го заврши првиот натпреварувачки ден на Светското првенство што се одржува во Лидо ди Језоло, Италија.
Одличен настап имаше Милан Нешевски, кој до победата стигна уште во првата рунда, откако борбата беше прекината.
Успешен беше и Глигор Николов, кој прикажа сигурна борба и славеше со убедливи 3:0.

Победа за македонскиот тим забележа и Марко Баснарков, кој со сигурен настап го совлада својот противник и успешно го продолжи настапот на шампионатот.
Од друга страна, Димитар Јачев и Драган Пандев ги загубија своите борби на татами, додека Давид Атанасовски беше поразен во ринг.



Со тоа, Македонија го заврши првиот ден со позитивен биланс од три победи во шест настапи, а младите македонски кик-боксери добија значајно искуство на најголемата светска сцена во своите возрасни категории.
Претседателот на федерацијата, Дејан Митровски – Урко, по завршувањето на денешната програма изрази задоволство од прикажаното.
„Задоволен сум од денешните борби и успехот. Сепак, ова се млади борци и потребно им е искуство“, изјави Митровски.
Македонската репрезентација ги продолжува настапите на Светското првенство, каде во следните денови нови борби ги очекуваат и останатите наши претставници.
Ново на Сител
-

Штип ги награди своите најуспешни сограѓани
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
-

Премиерот најави средба со потенцијални купувачи на Алта Банка АД Битола
