Три случаи на семејно насилство во Штип, Свети Николе и Македонска Каменица

Три случаи на семејно насилство се регистрирани на подрачјето на СВР-Штип, во кои жртви се жени, а нивните брачни другари се лишени од слобода. Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека денеска околу 1 часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Н.Б. (50) од Штип, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. За настанот е известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вториот случај се случил вчера во Македонска Каменица, каде што 59 годишниот К.С во семејниот дом физички ја нападнал 56-годишна сопруга и третиот случај е во Свети Николе
- На 07.07.2026 во 13.50 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Љ.Н.(53) од Свети Николе, по претходна пријава дека
Околу 12.00 часот во семејниот дом физички ги нападнал неговата 53-годишна сопруга и нивната ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок- соопштуваат од СВР-Штип.
МИА
Ново на Сител
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
