Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден

Три случаи на врсничко насилство во основни училишта биле пријавени вчера во СВР Куманово.
Првиот случај во СВР Куманово го пријавила триесет и едногодишната А.С. во 14:09 часот, посочувајќи дека во училишен двор на основно општинско училиште во Долно Којнаре, кумановско, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.
Во 12:45 часот во СВР Куманово, М.С.(33) од село Доброшане, кумановско, пријави дека на 27 февруари, околу 13:30 часот во основно општинско училиште во Куманово, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од нејзини соученици.
Вчера во 12:45 часот во СВР Куманово, 35-годишна жена од кумановско пријавила дека подолг период во основното училиште во Куманово, во кое учел нејзиниот 12-годишен син бил малтретиран од негов соученик.
- Според пријавеното, соученикот често го навредувал и се исмејувал на нејзиниот син, а во еден случај го наведувал да скокне од прозорец на училницата. Исто така, 35-годишната жена пријавила дека син ѝ го информирал педагогот во училиштето, но не било преземено ништо, ниту пак ја информирале неа. Над малолетникот биле извршени прегледи во кумановската болница и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, по што бил хоспитализиран на Клиниката за психијатрија, соопшти полицијата.
СВР Куманово, презема мерки за расчистување на случајот.
МИА
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
