Македонија
22. November 2026 - 14:34

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, а случајот бил пријавен во полицијата откако детето било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември околу 13:40 часот во СВР Скопје пристигнала пријава од клиниките дека кај нив било донесено починато дете. Претходно, детето имало здравствени проблеми, но починало за време на транспортот кон болницата.

По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на починатото тригодишно дете било предадено на семејството.

Засега во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за здравствените проблеми со кои се соочувало детето.