Триумф над четвртата носителка на Ѓорческа во Роверето

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа продолжува со успешните настапи на турнирите. Таа вечерва во првото коло на ВТА Челинџер турнирот во италијанскиот град Роверето ја елиминираше домашната тенисерка четвртата носителка Нуриа Бранкачо, совладувајќи ја со 2:0 во сетови (6:4 и 6:3) за 67 минути игра. Наградниот фонд на турнирот е 115.000 американски долари.
Во првиот сет македонската тенисерка прва направи брејк и поведе со 4:2 во гемови, но ривалката го врати загубениот гем на својот сервис и намали на 4:3. Сепак во десетиот гем Ѓорческа направи уште еден брејк за 6:4 и водство од 1:0 во сетови. Во вториот сет македонската тенисерка со два брејка стигна до водство од 5:1, а Бранкачо успеа само да намали и сетот Ѓорческа го заврши со 6:3.
Во второто коло во среда Ѓорческа ќе игра против Алиона Болсова Задоинов од Шпанија, која со 2-0 во сетови ја победи сонародничката Ангела Фита Болуда.
МИА
Ново на Сител
-

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при патување
-

Српскиот премиер во Охрид на средба со Мицкоски, потврдена определба за натамошно унапредување на пријателските односи
-

Мицкоски: Македонскиот јазик е нашиот идентитет, култура и најсилна врска што не обединува, без разлика каде живееме
-

Трамп за кризата во Сеута: Еве што ги чека САД доколку се вратат демократите
-

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август
-

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија
-

Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ
-

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра, пазарот на недвижности во вториот квартал со вредност од 351,7 милиони евра
