Тројца Македонци уапсени во Хрватска, лепеле напелници на сообраќајни знаци
Тројца државјани на Македонија се под истрага во Хрватска поради сомнение дека сториле кривично дело „оштетување туѓ имот“ на подрачјето на Цавтат, соопшти Полициската управа Дубровничко-неретванска.
Според информациите од полицијата, по добиени пријави било утврдено дека на повеќе јавни површини и објекти биле залепени налепници со содржина на кирилица. Меѓу оштетените предмети се сообраќајни знаци, патокази, канти за отпадоци и информативен панел, кои поради налепниците ја изгубиле својата намена и функционалност.
Полицијата истиот ден пронашла двајца од осомничените македонски државјани, додека третиот бил лоциран наредниот ден, на 30 мај, на аеродромот.
Станува збор за лица на возраст од 23, 25 и 26 години кои поседуваат дозвола за престој во Хрватска. По приведувањето во полициска станица и спроведената криминалистичка истрага, против нив била поднесена кривична пријава, по што биле предадени во притворската единица на Полициската управа Дубровничко-неретванска.
Ново на Сител
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
-

МЗ: Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов
-

Во септември во Скопје заловени 172 кучиња од улица, 124 кастрирани и стерилизирани
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“
-

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги интензивираат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
