Реформа на пензискиот систем веднаш – Фискалниот совет предлага повисоки придонеси и зголемување на пензии
Реформана на пензискиот систем веднаш или дефицитот во ПИОМ ќе достигне 1,3 милиајрди евра за десетина години. Сегашниот модел, каде секоја година се префрлаат огромни средства од буџетот кон фондот, не е одржлив.
За стабилизирање, Фискалниот совет, во соработка со Фајнанс Тинк предложија неколку сценарија. Најдобри резултати би се постигнале со комбинираниот модел, каде пензиите ќе се индексираат, односно зголемуваат само со 50% од инфлацијата, постепено зголемување на придонесот, намалување на неформалната вработеноност и продолжуавње со работа и по пензионирањето.
- Одамна се наоѓаме под фискален притисок и на границата сме да го поминеме формалните прагови. Неопходно е да се работи на проширување на фискалниот простор преку намалување на неформалното вработување. Во 2035-37 дефицитот би го достигнал својот врв од 6,6% од БДП или во аполутни бројки тоа е 1,3 милијади евра, а бројот на осигуреници опаѓа, изјави Абдулменаф Беџети, претседател на Фискалниот Совет.
Зголемените пензии надвор од закаонското решение, намалените придонеси за осигурениците, демогарфската состојба, ислувањето и неформалната економија се причините кои доведоа до неодржливост на фондот. За редовна исплата на пензии само лани од буџетот биле префрлени скоро 850 милиони евра или 5,2% од БДП.
- Бројот на нефорлано вработени од 8,8% се зголеми на 13,5, тоа се 95,000 работноици кои. Има се помалку осигуреници на еден пензионер. Бројот во годините кои ќе следатќ е се намалува и во даден момент ќе стигне под 1, неопходно е постепено зголемување на придонесите од 18,8 отсто на 20 отсто. На среден рок (2030-2040, препораките се однесуваат на поголемо активирање на жените, преку отворање на градинки, подолго останување на пазарот на труд, доброволно продолжено работење по пензиската возраст, на инизцијатива на работникот и формализација и вработување на младите, рече Благица Петрески.
Првиот човек на ПИОМ вети дека ќе се преземат мерки, без да каже кога. Веќе се прават пресметки придонесот постепено да се зголемува за 0,3 отсто.
За повисоки пензии на идните пензионери, препораката е да се воведат мултифондови во вториот пензиски столб. Парите на младите осигуреници да се вложуваат во поризични хартии, каде приносите се повисоки, додека за тие што имаат 10 години до пензија - да си остане сегашниот, конзерватитен модел.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
