Тројца загинати, две исчезнати и седуммина повредени во пожар во фабрика во грчкиот град Трикала

Безживотните тела на три жени биле извлечени по гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во фабриката за производство на бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала, додека пак исчезнати се уште две вработени, а повредени се седум лица.
Според локалните медиуми, пожарот избувнал за време на ноќната смена со 13 вработени во погонот за производство и печење бисквити, при што имало и експлозии, а причините засега се непознати.
Експлозиите, според истите информации биле толку силни што се слушнале и во околните села и во центарот на Трикала што е на околу шест километри од фабриката.
Противпожарната служба интервенираше со 40 пожарникари со 13 возила, а помагаа и цистерни од општината.
Министерот за здравство на Грција Адонис Георгиадис говорејќи за телевизијата „Скај“ рече дека во болницата во Трикала се пренесени шестмина вработени и еден пожарникар, сите се во добра состојба, генерално со проблеми со дишењето.
МИА
Ново на Сител
-

Информативна сесија за примената на Законот за работно ангажирање на лица
-

ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за СП 2026
-

Претседателот на Швајцарија во дводневна посета на Србија
-

„Си-Ен-Ен“: САД ќе прифатат само договор што исклучува можност Иран да дојде до нуклеарно оружје
-

Манчестер јунајтед го победи Брентфорд и обезбеди пласман во ЛШ следната сезона
-

Светски ден за безбедност и здравје при работа, лани во државава 132 несреќи при работа, 31 со смртен исход
-

Тошковски на промоција на Протокол за лица без државјанство
-

Напаѓачот на вечерата организирана од Белата куќа обвинет за обид за атентат на Трамп
