Тројца загинати и 55 спасени мигранти во близина на грчкиот остров Гавдос

Безживотните тела на три лица биле извлечени во морскиот дел јужно од малиот грчки остров Гавдос, кога почнал да тоне дрвен чамец со мигранти, а биле спасени 55 лица, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, вчера попладне, откако биле информирани дека е потребно обезбедување помош за чамец со мигранти, брод на Фронтекс се упатил на местото и за време на процесот на приближување кон чамецот, лицата се поместиле на една страна, што довело до полнење на чамецот со вода и негово превртување.
Екипажот на бродот на Фронтекс веднаш фрлил чамци за спасување, како и индивидуални гуми за спасување и биле спасени 51 маж, една жена и три деца, а животот го загубиле двајца мажи и една жена.
Паралелно започнала и потрага за евентуално исчезнати, што продолжува и денеска, а спасените 55 лица биле пренесени на пристаништето на островот Крит.
МИА
Ново на Сител
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
