Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција

Три лица загинаа во експлозија во зграда на воената полиција во северна Русија, во близина на Санкт Петербург, соопштија денеска локалните власти.
Телата биле пронајдени под урнатините на делумно уништената зграда во градот Сертолово, напиша гувернерот Александар Дрозденко на Телеграм.
Според медиумските извештаи, други лица се повредени во експлозијата, за која граѓаните велат дека можела да се слушне на оддалеченост од неколку километри, пренесе ДПА.
Причината засега е нејасна. Истражниот комитет соопшти дека се покренати истраги за небрежност и за кршење на прописите за заштита од пожари.
Од почетокот на руската инвазија врз Украина пред речиси четири години, украинските разузнавачки служби редовно извршуваат напади во Русија, главно врз воени цели.
МИА
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево
-

Тридневен штрајк на таксистите во Атина
-

ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати
-

Средната возраст на населението во земјава 42,21 година, во ЕУ 44,9
-

Седница на Државната комисија за спречување на корупцијата
-

Трамп: Куба е банкротирана држава и треба да склучи договор со САД
-

Зеленски: Русија подготвува масовни напади врз украинската инфраструктура
