Loading Video...
Свет
18. February 2026 - 16:33

Преглед на вестите од светот

Бугарија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 19 април, изјави претседателката Илијана Јотова. Јотова минатата недела го избра Андреј Ѓуров, заменик-гувернер на Бугарската национална банка, да раководи со привремена влада задолжена да го подготви патот за уште едни парламентарни избори, кои ќе бидат осми за само пет години во земјата-членка на ЕУ и НАТО.

Владата на Росен Жељазков поднесе осатвка на 11 деекмври по повеќенеделните масовни протести против корупцијата и непотизмот во земјата а повод за незадоволствто беше владиниот буџет за 2026 година.

Уктаина и Русија ги завршија дводневните мировните прегооври со посредство на Соединетите држави во Женева. Разговорите двете страни ги оценија како тешки. Главниот преговарач на Украина Умеров истакна дека е постигнат напредок, но не откри детали додека шефот на руската делегација. Медински соопшти дека се договриле за нова рудна преговори во блиска иднина.

-Има напредок, но во оваа фаза не можат да се откријат детали. Следниот чекор е да се постигне потребното ниво на консензус за да се достават развиените одлуки за разгледување од страна на претседателите. Нашата задача е да подготвиме практична, а не само формална, основа за ова. Украина останува конструктивна. Крајната цел е непроменета - праведен и одржлив мир, зиајви Рустем Умеров, гланвиот преговарач на Украина.   

-Вчера имавме многу долги дискусии во различни формати. Денес разговаравме околу два часа. Разговорите беа тешки, но деловни. Наскоро ќе се одржи нова средба. Тоа е се што сакавме да кажеме, изјави Владимир Медински,шеф на руската делегација.

Преговорите за завршуавње на руско уркаинската војна се одржаа зад затворени врвати во хотелот Президент Вилсон.