Тројца загинати во пукање на семејна прослава за неродено бебе во САД, меѓу нив и таткото на детето

Три лица загинаа, а една жена е повредена во пукање што се случило за време на семејна прослава во американската сојузна држава Охајо, соопшти локалната полиција.
Инцидентот се случил на прослава организирана пред раѓање бебе, во градот Парма, на околу 16 километри јужно од Кливленд. Според првичните сознанија, на пукањето претходела семејна расправија, објави „Ен-Би-Си њуз“.
Полицијата привела 29-годишен маж кој учествувал во пукањето, но засега против него не е поднесено обвинение. Портпаролот на полицијата, Скот Тракслер, изјави дека истражителите утврдуваат дали тој прв пукал или пак дејствувал во самоодбрана.
Меѓу загинатите е и 19-годишен маж, за кого полицијата соопшти дека бил вториот учесник во пукањето. Другите две жртви се идентификувани како 17-годишната Лизија Ингланд и 45-годишниот Џејсон Таунсенд. Една 39-годишна жена била застрелана во ногата.
Според полицијата, Таунсенд бил татко на жената за која била организирана прославата, а која не била повредена. Првичните информации укажуваат дека загинатиот 19-годишник бил татко на нероденото бебе. Сведоци изјавиле дека тој не бил поканет на прославата, додека приведениот 29-годишен маж, според досегашните сознанија, е роднина на идната мајка.
Истрагата треба да ги разјасни причините за расправијата и околностите што довеле до пукањето.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
