Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии

Владини и филмски претставници синоќа во Истанбул присуствуваа на настан посветен на придонесот на турските телевизиски серии за имиџот на Турција во светот.
На „Глобалната приказна за турскиот бренд – турски ТВ серии“ беше истакнато дека една милијарда луѓе во 170 држави гледаат турски серии.
– Турција е помеѓу трите најголеми извозници на ТВ серии во светот, изјави шефот на Дирекцијата за комуникации, Бурханетин Дуран.
Тој додаде дека извозот на турски серии на странските пазари во раните 2000-ти години изнесувал околу 10 милиони долари, а денес надминува една милијарда долари.
– Меѓународниот подем на турските серии не е проект за културна хегемонија, туку ја одразува способноста на Турција да создава свои приказни и да ги презентира на различни општества, истакна Дуран.
Министерот за култура, Мехмет Нури Ерсој посочи дека турските серии го зголемуваат интересот за Турција.
Според него, турските серии станаа стратешка предност, чија важност далеку ја надминува нивната економска вредност, бидејќи го зголемуваат интересот за турскиот јазик, култура, гастрономија и туристички дестинации.
МИА
Ново на Сител
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
