Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот

Турските воздухопловни сили повторно ќе придонесат во мисиите за безбедност на воздушниот простор над Балтикот со распоредување на пет борбени авиони Ф-16 и и екипаж од 76 лица во Естонија, објави турскиот весник „Хуриет дејли њуз“.
Турскиот контингент, кој е дел од 181-та ескадрила на воздухопловните сили со седиште во Дијарбакир, позната и како ескадрила „Пантер“, ќе биде стациониран во воздухопловната база Амари во Естонија.
Турскиот контингент ќе извршува мисии под команда на НАТО од август до ноември, обезбедувајќи 24-часовен брз одговор на потенцијални нарушувања на воздушниот простор над балтичкиот регион.
Балтичката воздушна патролна мисија на НАТО е постојана мирновременска операција, што ја обезбедува безбедноста на сојузничкиот воздушен простор преку постојано присуство на борбени авиони и екипажи во 24-часовна подготвеност за брз одговор. Таа е во функција откако Естонија, Летонија и Литванија се приклучија на НАТО во 2004 година.
Мисијата беше проширена во 2014 година откако Русија го анектираше Крим. Во мисијата учествуваат повеќе од десет борбени авиони од три земји-членки на НАТО на ротациона основа, кои полетуваат од два аеродрома во балтичките држави.
МИА
Ново на Сител
-

Одбраната на Васе Анакиев тврди дека тој не барал поткуп, обвинителството тврди дека поседува цврсти докази
-

WIK отвора нов погон во ТИРЗ Прилеп за поправка на кафе апаратите од цела Европа
-

Димитриеска-Кочоска: Фискалната отпорност не се гради во моментот кога кризата ќе започне
-

Тензично во советот на Кисела Вода
-

Конференција за регионална соработка и евроинтеграции: Во фокус парламентарниот надзор
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Прославата е платена со народни пари
-

Преглед на вестите од светот
