Туристи плаќале до 20 евра за влез во Куклите во Кратово, гакораѓаните реагираат за незаконска наплата
На социјалните мрежи се појавија обвинувања за незаконска наплата на влез на локалитетот Куклица кај Кратово, познат како „Камени кукли“, при што е побарана реакција од надлежните институции.
Според објавените тврдења, посетители биле спречувани да пристапат до локалитетот без претходно да платат одредена сума пари. Во објавата се наведува дека странски туристи од Косово платиле по 10 евра за влез, додека при претходна посета им биле наплатени по 20 евра по лице.
Исто така, се тврди дека на посетителите им било кажувано дека локалитетот е приватна сопственост, поради што тие прифаќале да платат за пристап. Во објавата се наведува и дека со години се наплаќале средства за свадбени фотографии и други посети, без издавање фискални сметки.
Авторот на објавата тврди дека поседува фотографии и видеоматеријали кои, според него, ги поткрепуваат овие наводи.
Куклица претставува една од најпознатите природни атракции во Македонија и е честa дестинација за домашни и странски туристи.
Ново на Сител
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје од денес до 23 јули
-

Две жени и еден маж загинаа во превртен „мерцедес“ кај Блаце, од скопскиот аеродром патувале кон Косово
-

Родри прогласен за најдобар играч на Светското првенство 2026
-

Нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на Светското фудбалско првенство
-

Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
-

Пред пратениците Предлог-одлуката за продолжување на кризна состојба за нафта и нафтени деривати
-

Ирански напади врз американските бази во земјите од Заливот
-

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
