Туск по заканата на Медведев: Земјите од НАТО треба сериозно да ги сфатат руските провокации

Полскиот премиер Доналд Туск денеска реагираше на објавата на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој напиша на социјалните мрежи дека „мирниот сон на граѓаните на Европската Унија е завршен“, предупредувајќи дека сите земји од НАТО конечно треба да почнат сериозно да ги сфаќаат ваквите зборови.
„Полска, балтичките држави, а сега и Романија. Има сè повеќе руски провокации. Вчера, поранешниот руски претседател Медведев рече дека мирниот сон на граѓаните на ЕУ е завршен. Сите во НАТО конечно треба да почнат сериозно да ги сфаќаат овие факти и зборови“, рече Туск на Икс.
Претходно, заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, напиша на Икс дека граѓаните на ЕУ треба да разберат дека властите на нивните земји еднострано влегле во војна со Русија.
„Затоа бидете внимателни и немојте да бидете изненадени од ништо“, напиша тој.
Како што пренесуваат руски медиуми, Медведев претходно изјави дека лидерите на ЕУ се одговорни за смртта на руските цивили како резултат на нападите, вклучувајќи го, како што рече, терористичкиот напад во Старобилск.
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
