Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека во врска со најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе воведе царини за стоки од ЕУ, тој гледа причина за загриженост, но не и за страв, бидејќи Полска има добри одговори на кризите како што се царинската војна, војната во Украина, растот на екстремната десница и популистите и илегалната миграција.
„Последните настани секако се загрижувачки, најавата на претседателот Трамп дека ќе воведе царини за ЕУ и Полска, интензивирањето на борбите во Украина, зајакнувањето на радикалните про-путин сили во Европа или илегалната миграција. Да, има причина за загриженост, но не од страв“, рече Туск во видео пораката до Полјаците на социјалните мрежи.
Полскиот премиер рече дека Полска има рекорден, динамичен економски раст, модерна, силна, добро вооружена армија.
„Конечно ја вративме контролата над нашите територијални води. Водиме мудра, но цврста миграциска политика и добра надворешна политика. Добивме вистинско автентично лидерство во Европа. Се е во наши раце. Подготвени сме за различни сценарија. Без страв , но трезвено и без комплекси“, изјави полскиот премиер.
Полска во моментов претседава со ЕУ до крајот на јуни.
Ново на Сител
-

Македонската делегација ќе присуствува на состанокот на ЕУ со балканските земји во Њујорк
-

Поранешен припадник на ОВК приведен на Блаце, по распит пуштен на слобода
-

Хакерска група тврди дека пробила во сајтот на ФБИ и украла податоци за вработените
-

Блесин нов тренер на Борусија Менхенгладбах
-

Медиуми: Артета и Арсенал договорија продолжување на соработката
-

ЦУК: Вкупно 28 пожари регистрирани на отворен простор
-

Илјадници полицајци распоредени околу седиштето на ОН за време на Генералното собрание во Њујорк
-

Седници на три собраниски комисии
