ТВ Алфа: Обвинителката Јанева барала ниви за да сади смокви
Обвинителката Катица Јанева лани во септември по изборот за прв човек на СЈО,аплицирала на јавен повик, по багателна цена да земе под закуп земјоделско земјиште во државна сопственост, кое било под узурпација, објави телевизија Алфа.
За учество на јавниот повик што го распишало министерството за земјоделие, услов било на земјиштата да има насади стари најмалку три години, а право на аплицирање имале само регистрирани земјоделци или трговци поединци кои се занимаваат со земјоделство.
Според документите кои ги објави телевизијата Јанева, понудата ја поднела крајот на септември, каде од државата ги бара под закуп нивите во катастарската општина Мрзенци со површина од скоро 3 декари.
Во изјавата што Јанева ја потпишала под материјална и кривична одговорност стои дека на земјата што ја бара под закуп има насад со овошје. Отворениот повик бил за 17 општини, меѓу кои и Гевгелија. Откако завршил јавниот повик, во декември, министерството за земјоделие од бирото за судски вештачења побарало да се провери веродостојноста на понудите, односно дали насадите се постари од три години.
Во извештајот на вештаците како што објави Алфа, пишува дека утврдиле спорни понуди на 4 локации, кај повеќе лица, а една од нив била и понудата на Јанева. Односно 70 отсто од нивите според наодот што го напишале вештаците не бил засаден со овошје, смокви стари повеќе од 3 години имало само на 30 отсто од земјоделската површина. Според судските вештаци нивите не биле обработувани, а насадот бил на опожарена површина на која скоро 50 години имало црн бор.
За ова телевизијата побарала став и од обвинителката Јанева, но до објавувањето на информацијата не добиле одговор.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
