У20: Македонските кошаркари убедливо ја совладаа Бугарија на ЕП во Скопје

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 20 години е на чекор од пласман во четвртфиналето на Европското првенство во Б дивизијата кое се одржува во Скопје, откако вечерва ја совлада Бугарија со 83-54 во рамки на групата А.
Бугарија, која забележа три победи во воведните три натпревари, беше во предност по првата четвртина со 18-15, по што македонските кошаркари целосно доминираа на паркетот во СРЦ Кале и веќе на полувреме заминаа со предност од 40-33.
Сите дилеми околу победникот беа решени во третата четвртина по која црвено – жолтите стекнаа недостижна предност од 64-45 и рутински го приведоа натпреварот до самиот крај.
Најефикасен во македонските редови беше Теодор Симиќ со 21 поени.
Во завршното четврто коло во рамки на групата А, македонските кошаркари утре со почеток од 18:30 часот ќе играат против Република Ирска и со победа ќе го заверат пласманот во четвртфиналето.
Ново на Сител
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
-

„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов
-

Во Берово најстудено утрово, во Гевгелија најтопло
-

Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула
-

Ф1: Трета последователна победа на Антонели
-

Со победата над Парма, Интер стигна до нова титула во Серија А
-

Мерц вели дека царините за автомобили на Трамп се насочени кон Европа, а не само кон Германија
-

Четириесет и шест години од смртта на Јосип Броз Тито
