Македонија
8. April 2026 - 14:06

Уапсен 16-годишен кумановец откако нападнал лице кое му извадило пиштол и нож

На 08.04.2026 во 07:40 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово. Според пријавеното, на 07.04.2026 околу 22:00 часот на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово, тој се сретнал со М.Ѓ.(23) од Куманово наводно за да расчистат претходно недоразбирање, а биле присутни уште неколку други лица.

Како што е пријавено, М.Ѓ. притоа извадил пиштол и нож, по што бил физички нападнат од малолетникот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.