Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби

На 10.04.2026 во 22:00 часот на локалниот пат кон с.Камењане, полициски службеници од Полициското одделение Камењане запреле патничко моторно возило „голф“ со тетовски регистарски таблички, управувано од А.Д.(19) од с.Озормиште, кој не поседувал возачка дозвола.
При преглед во багажникот на возилото е пронајдено повредено куче од расата „пит бул“, за кое лицата во возилото изјавиле дека е повредено при борба со кучиња во с.Камењане.
Заедно со возачот, лишени се и двајца 17- годишни сопатници од с.Желино. Известен е ветеринарен инспектор и се преземаат мерки за соодветно лекување на животното и документирање на случајот, додека тие заедно со возилото се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
