Уапсен 19-годишниот Македонец кој се бараше за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан
Македонскиот државјанин Андреј Танасковски (19), по кого беше распишана меѓународна потерница поради обид за убиство, е уапсен во Никшиќ, Црна Гора, каде што се криел во таен стан по вооружениот напад врз Марко Љубиша – Кан во Будва минатата година. При акцијата е приведен и 34-годишниот црногорски државјанин Нено Марковиќ, кој според полицијата му помагал да избегнува апсење.
Според црногорските медиуми, кои се повикуваат на извори од Управата за полиција, Танасковски бил пронајден во населбата Видрован во Никшиќ. Полицијата наведува дека Марковиќ е осомничен дека му обезбедувал засолниште и му помагал да се крие од органите на прогонот.
Истражителите го сомничат Танасковски дека на 7 август 2025 година, во комплексот на хотелот „Маестрал“ во Будва, се обидел да го убие 56-годишниот Марко Љубиша – Кан, лице кое медиумите го поврзуваат со Шкаљарскиот клан. Според обвинението, тој испукал два куршума кон Љубиша, кој притоа бил погоден во пределот на главата и се здобил со телесни повреди.
Покрај обидот за убиство, против Танасковски се води постапка и за недозволено поседување и носење оружје, како и за фалсификување исправа. Полицијата тврди дека при подготовката на нападот користел фалсификувана српска лична карта со иницијали Ј.Г., со која бил пријавен во хотел во близина на местото каде што бил извршен нападот.
Ново на Сител
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
-

Променливо облачно и топло, наместа пороен дожд, грмежи и силен ветер
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
