Македонија
26. November 2026 - 11:46

Уапсен 27-годишен кумановец баран за издржување казна затвор од 2 години

На 25.11.2026 во 14:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Д.А.(27) од село Љубодраг, кумановско.

Тој бил баран по судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. 

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.