Македонија
11. July 2025 - 9:22

Уапсен 74-годишник кој подметнал три пожари во тетовско

На 10.07.2025 во 21.00 часот во близина на бензинска пумпа во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.С.(74) од с Мала Речица,тетовско. Тој околу 20 часот на негова нива во Тетово вршел земјоделски работи и при тоа на три места во нивата запалил сува трева и отпадоци, соопшти МВР.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода С.С., а огнот бил изгаснат од страна на ТППЕ Тетово. С.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена кривична пријава по член 288 од КЗ ,,предизвикување општа опасност“.