Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола

На 23.02.2026 година во 01:15 часот на улица „Индустриска“ во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Е.Џ.(25) од Берово. Лицето било затекнато при управување на моторно возило кое претходно било противправно одземено на подрачјето на Берово, а по даден знак за запирање се дало во бегство.
По преземени мерки и активности, истото било сопрено и лишено од слобода, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „oдземање на моторно возило“ по член 242 став (1) од КЗ на РСМ. При лишувањето од слобода извршено е алкотестирање, при што биле измерени 1,96 промили алкохол во крвта.
Исто така, било констатирано дека лицето управувало моторно возило без да поседува важечка возачка дозвола, со што постои основано сомнение дека е сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од КЗ на РСМ.
За настанот е известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски најави 8 денари помош за килограм откупена арпа
-

Премиерот Мицкоски очекува убедлива победа во вториот круг во Брвеница
-

СДСМ: Власта ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите
-

Министерот за правда ги стартува разговорите за решение за правосудниот испит
-

Мицкоски: Со Окта се преговара за 2 денари попуст за дизелот
