Уапсен Џастин Тимберлејк
Музичарот и актер Џастин Тимберлејк (43) е уапсен од полицијата во вторникот поради возење под дејство на алкохол, јавуваат странските медиуми. Тој беше обвинет дека возел пијан во Хемптонс, Њујорк, а полицијата го приведе откако не застанал на знак за стоп.
Извор изјави за Page Six дека Тимберлејк не бил препознаен од полицаецот што го уапсил.
– Тој е многу млад, не знаеше кој е Тимберлејк. Не го знаел ниту името, ниту тоа лице – рекол изворот. Друг извор тврди дека Џастин во моментот кога бил уапсен почнал да зборува за неуспехот на целата негова турнеја, пренесува Daily Mail.
– Си рече: „Ова ќе ја уништи турнејата“. Полицаецот го прашал каков вид на турнеја, а Џастин рекол: „Па, светската турнеја! – изјави изворот.
Според судските документи до кои дојде АП, полицаецот веднаш се посомневал дека познатиот музичар бил под дејство на алкохол.
– Очите му беа крвави и стаклени, од устата се чувствуваше силен мирис на алкохол, не можеше да се концентрира, зборуваше полека, губеше рамнотежа – се наведува во документот. Во нив пишува и дека Тимберлејк се бранел и тврдел дека испил само едно мартини и дека следел некои пријатели дома.
Тој следно ќе се појави на суд на крајот на јули.
Ново на Сител
-
Радев за Си-Ен-Ен: Референдум за еврото е клучен за довербата во институциите
-
Тошковски: Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР
-
Герасимовски: Зелениот регистар е гаранција за зачувување на урбаното зеленило
-
Возел со 2,61 промили алкохол во крвта - приведен возач од струшко
-
Ученик во основно училиште спроведен во полиција во Белград откако донел список за отстрел и нож
-
Албанските иселеници, во својата земја, во првиот квартал годинава, испратиле 251 милион евра
-
Словачка се заканува со вето на новите санкции против Русија
-
Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна | ФОТО