Уапсен Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски е уапсен во акција под водство на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминaл, во содејство со МВР и Финансиската полиција.
Ѓорѓиоски е приведен под сомнение дека во периодот додека бил на чело на федерацијата вршел незаконски активности. Против него е поднесена пријава за даночно затајување, како и за фалсификување и уништување на деловна документација. Според сомнежите, во 2019 година во завршната сметка биле внесени неточни податоци, а не бил платен ни данокот на добивка, со што ФФМ се стекнала со незаконска финансиска корист од над 1,6 милиони денари, додека државниот буџет бил оштетен за истиот износ.
Во рамки на истата постапка биле приведени и повеќе негови тогашни соработници, меѓу кои и Олгица Младеновска, која ја извршувала функцијата задолжена за финансии во Фудбалската федерација.
Претходно уапсен беше и Муамед Сејдини, кој беше осомничен за финансиска злоупотреба од околу 700.000 евра поврзана со изградба на трибина на стадионот во Охрид, проект финансиран со средства од УЕФА.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
