Македонија
19. December 2025 - 9:59

Уапсен тетовец, возел со 1,90 промили алкохол во крвта

На 19.12.2025 во 03:30 часот на патот Тетово Гостивар, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода А.Р.(62) од Тетово.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило опел“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,90 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.