Македонија
21. October 2015 - 16:52

Уапсен уште еден осомничен во „Ќелија“

Бегајки од полицијата скокнал од кровот на својата во куќата кај соседите, па наместо во притвор завршил на скопските клиники. 23 годишниот Суља Фазљи припадник на Исламската држава кој пролетта се борел во редовите на терористичката група во Сирија по три месеци потрага е пронајден. Фазљи беше осомничен во рамки на акцијата Келија, но од август е недостапен за истражните органи. Безбедносните служби пред десетина дена откриле дека успеал од Косово преку илегални премини да влезе во Македонија по што организирале акција за негово апсење. Синоќа упаднале во неговиот дом. Суља спиел на вториот кат, а откако слушнал дека полицијата му е зад петици се качил на покривот и мислејки дека ќе успее скокнал кај соседите. Со тешки повреди и искршени коски наместо во скоспкиот истражен затвор бил поренесен во ургентниот центар. Лекарите утврдиле дека ќе мора да се изврши хируршка интервенција, а до опоравувањето ќе остане во болничкиот кревет.

Со кривичната пријава по акцијата Келија беа опфатени 36 лица. Деветмина беа веднаш лоцирани и приведени, еден беше уапсен на Косово, а Фазљи е единаесетиот од групата кој ќе заврши зад решетки. Полицијата ги сомничи дека учествувале во паравоени формации, собирање финасиски и логистички средства за потребите на паравоени формации, како и за врбување и поттикнување лица да се приклучат редовите на Исламската држава. Според сомненијата на истражните органи останатите осомничени се уште се на боиштата на блискиот исток.

.