Македонија
3. April 2026 - 12:58

Уапсена жена од с. Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци

На 02.04.2026 во 09:00 часот, во с. Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода А.А.(45) од с.Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик.

Таа е спроведена во казнено- поправна установа за издржување на казната.