Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
На 06.08.2025 во 19:30 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода А.М.(58) од Кочани.
Околу 18:00 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, тој со возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило „форд“ со кочански регистарски ознаки, а при вршење увид било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,93 промили алкохол во крвта.
На 07.08.2025 во 03:20 часот на регионалниот пат Берово-Делчево, во атар на с.Чифлик, беровско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Берово ја лишиле од слобода В.К.(23) од Берово.
Управувајќи возило „матиз“ со беровски регистарски ознаки на патот, околу 02:50 часот, таа изгубила контрола и излетала од патот, а при вршење увид било констатирано дека го управувала возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,59 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ .
Ново на Сител
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир