Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица кои биле затекнати при предизвикување пожари на отворен простор во Битола и Прилеп.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 14.08.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола на ул. „Јорго Костовски“, на место викано „Тепсија“ во Битола, го лишиле од слобода Е.К. (39) од Битола, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор.
-Претходно, на 13.08.2026 во 23:10 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп, на место викано „Падарица“ во Прилеп, го лишија од слобода И.Ч. од Прилеп, бидејќи бил затекнат како предизвикува пожар на отворен простор, при што кај него била пронајдена и запалка - посочуваат од Министерството.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МИА
Ново на Сител
-

28 питомци со свечена воена заклетва
-

За два дена над 800 граѓани од ризичните групи вакцинирани против грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Ново судење за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

Премиерот Мицкоски на Самит на Берлински процес во Црна Гора
-

СДСМ: Следува нов ценовен удар - Мицкоски одбива повисоки плати, граѓаните тонат во сиромаштија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со Филипче се сведе на рејтинг од 5%
-

Собраниска дебата за измени на Законот за Народен правобранител
