Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активнс забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол.
Две лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во битолско, Гостивар и Струмица. Лицето во Струмица без дозвола управувало возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци. Возач во Македонска Каменица управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото.
Додека, по еден возач во Скопје и во Кичево управувале возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Ново на Сител
-

Филипче: Шилегов одработува за ВМРО-ДПМНЕ, затоа е исклучен од партијата
-

Штрајк со глад пред ПС Свети Николе поради исчезнатата сопруга
-

Охрид има услови за развој на планински туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Цената на горивата повторно драстично се покачи - Каква е состојбата на бензиските станици?
-

За ангажираните професионалци, 16 март 2025 ќе остане најтежок во нивната кариера
-

Разговор со градоначалникот Грозданов и директорката на болницата во Кочани, Паниќ-Мирчовска
-

Разговор со Томи Димитријев и Марко Димитријев - Support Kocani
